Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Ким Kардашијан штотуку нѝ ја „навреди “интелигенцијата: Луѓето во чудо гледаат во нејзиниот туторијал и не можат да си дојдат на себе (ВИДЕО)

Кутијата не стои внатре. Отворете го капакот, извадете ги марамчињата, ставете ги внатре. Вратете го капакот – и тоа е тоа.

Ова го кажува Ким Кардашијан во новото видео што го направила за Инстаграм, за да покаже како се ставаат марамчињата во кутија. Да, убаво прочитавте.

Доколку некој не знае, Ким Кардашијан ги започна демонстрациите и насмеа милиони луѓе. Таа направи видео во кое покажува како да ги извадиме марамчињата од кутијата во кои доаѓаат кога ги купуваме во продавница и ги ставаме во држачот за марамчиња од нејзината колекција.

Видеото стана вирално. На едни им е смешно тоа што воопшто мора да им покажува на луѓето нешто толку банално, но други велат дека тоа било потребно.

„Нема да верувате колку луѓе беа задоволни што им го покажа ова. Како да открила топла вода“, вели еден корисник, додека друг додава:

„Го сними видеото бидејќи луѓето масовно бараа тоа да им го покаже. Можеби од шега, а можеби навистина не знаеле што да прават со тој нејзин производ“.