Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Коциќ: СДСМ е наследничка на НОБ а ВМРО-ДПМНЕ на Ванчо Михајлов, извршителот на фашистичкиот Трет Рајх

Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ, кажа дека ги осудуваат провокациите од било каков вид.

„СДСМ осудува провикации од било каков вид. Оваа земја почива на херојството на нашите претци и делата на македонската антифашистичка борба. За нас значењето на антифашистичката борба е исклучителна, државничка и безвременски важна. Затоа, наша обврска е иституционално да најдеме решенија за да ги затвориме овие прашања кои свесни сме дека иритираат, но уверени сме дека се спорадични и предизвикани од нечиј трет интерес. Бидејќи постојат поединци и партии кои сакаат нашите две држави да останат во вечен конфликт кој нема да донесе ништо добро. Факт е дека нашите закони во овој дел имаат одредени недоречености, за што се потребни законски промени. Веќе Министерството за правда работи на нов закон за кој повикуваме преку широка јавна дебата да се разгледа и во еден инклузивен процес да се дојде до најдоброто решение. Секако треба да биде усогласен со регулативата на ЕУ“, вели Коциќ.

Пратеникот на СДСМ вели дека неговата партија секогаш била на вистинската страна на историјата за разлика од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ е партија која во својот статут има континуитет со Ванчо Михајлов, сојузникот и извршителот на Третиот Рајх, го велича неговиот лик и дело. Оттука, ВМРО-ДПМНЕ прво треба да си го промени партискиот статут, да си расчисти во самата партија за што се, па потоа да поднесува закони. Граѓаните знаат дека фигура на Ванчо Михајлов беше поставена во Музејот во Ново Село во Штип и во Музејот во Скопје, како дел од криминалот проект Скопје 2014-та година. Лицемерно, безобразно и дрско е ВМРО-ДПМНЕ,  партијата којашто е иделошки поклоник на луѓето кои што биле извршители на Третиот Рајх да ја обвнува СДСМ, партијата којашто е единствен наследник и поддржувач на вредностите од НОБ во државата. СДСМ останува на тој курс а дневната злоупотреба на ВМРО-ДПМНЕ нема да им донесе ништо. Вистинската заштита и одбрана на македонскиот идентитет, јазик и посебност СДСМ ја покажува секој ден, во Брисел во Вашингтон, во целиот свет. И тоа е единствениот вистински пат, европскиот. Нашата порака е дека сите треба да се стремат, а тука мислиме и на политички структури кај нас и кај нашите соседи без исклучок, на соработка, меѓусебно почитување и практикување на европски вредности“, кажа пратеникот.