Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Ковачевски: Не е исклучена предизборна коалиција на СДСМ со ДУИ и останатите албански партии

Од: Орце Костов

Премиерот Димитар Ковачевски и лидер на СДСМ не ја исклучува опцијата неговата партија да направи предиизборна коалиција со албанските партии со кои би настапиле на редовните парламентарни избори и која би била европски концепт.

– Во однос на конкретниот настап на парламентарните избори, тоа останува да биде дел од еден коалициски договор кој се прави врз основа на програма, усогласување на системот на вредности на повеќе партии, но ниту една опција не е исклучена во тој дел. Ако некој дал изјава за концептите во земјата, тоа сум јас. На една од трибините реков дека има два концепти. Едниот го предводи СДСМ и на кој се приклучија и други партии како Алијанса за Албанците.

Вториот концепт се залага за изолација и блокада како што беше 11 години со стандард помал од денес, со нарушени односи со соседите и со ниту еден милиметар помрднување во европските интеграции. Тоа е она што го мисли и претседателот на ДУИ, Али Ахмети – истакна Ковачевски заборавајќи дека во периодот на изолација, како што смета тој, девет години дел од Владата беше и неговиот партнер Али Ахмети.

Во однос на изборниот настап, Ковачевски е убеден дека и претседателските и парламентарните избори ќе ги добе европската коалиција и концептот на СДСМ.

– На следните претседателски избори, кандидатот на европската коалиција и на концепцијата и политичките партии кои се залагаат за ингтеграција на Македонија во ЕУ ќе биде победнички кандидат, а подоцна на парламентарните избори коалицијата која е за европска Македонија ќе ја формира следната влада во државата – потенцира Ковачевски.