Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Кремљ: Новата американска воена помош за Украина е директен напад врз Москва

Од: А1он

Соединетите Американски Држави најавија воена помош за Киев во износ од 625 милиони долари.

dobivaj vesti na viber

Одлуката на Америка да испрати дополнителна воена помош за Украина „ја зголемува опасноста од директен воен конфликт“, предупреди Русија.

Рускиот амбасадор во Обединетите нации Анатоли Антонов истакна дека ова е „директна закана за Русија“, нарекувајќи ја Америка учесник во конфликтот.

Во текот на последните неколку недели од контраофанзивата, украинските сили ја вратија контролата врз значителен дел од територијата на североистокот и југот на земјата.

За време на контраофанзивата, украинската армија во голема мера користела напредно американско оружје.

Од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари, Вашингтон обезбеди воена помош од 17 милијарди долари за Киев.