Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Криумчар се обидел да ѝ избега на полицијата со мигранти од Сирија

Вчера во 18.50 часот на  регионален пат Удово - Демир Капија, во близина на с.Градец, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор „Богородица“ го лишиле од слобода М.А.(23) од Лозово.

Како што информира МВР, тој бил забележан како со возило „волво“, со италијански национални ознаки, превезува лица мигранти. Возилото било запрено, а тој се обидел да избега, но бил спречен и лишен од слобода. Притоа, во возилото биле пронајдени шест лица мигранти од Сирија, кои биле спроведени во прифатно-транзитен центар за понатамошна постапка.

М.А. бил приведен во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од полицијата.