Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

„Л’Екип“ контра Меси за неговите 52 лета со приватен авион за само три месеци

Од: А1он

Приватниот авион на Лионел Меси оставил во атмосферата јаглерод во само три месеци колку што просечниот Французин би го направил во 150 години, тврди спортскиот весник „Л’Екип“, критикувајќи ја аргентинската фудбалска ѕвезда за неговите неверојатни 52 лета од 1 јуни до 31 август.

dobivaj vesti na viber

Според „Л’Екип“, 30 од овие летови биле интерконтинентални, 14 преку Атлантикот, по што се испуштиле 1.502 тони јаглерод диоксид во атмосферата.

Нивните докази велат дека тој направил серија патувања помеѓу Аргентина и Америка, летајќи пет пати од Буенос Аирес до Мајами. Тој патувал и од Монтевидео, Уругвај до Мајами на 10 јуни, 22 јуни и 23 јуни, а имало и патувања до Бразил и секако, летови од Европа до Јужна Америка, како и неколку лета до Барселона, каде што уште има куќа.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира