Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Ласерска корекција на диоптрија – низ очите на пациентите на Систина Офтaлмологија

Ласерска корекција на диоптрија една од најмодерните интервенции на денешницата за ласерско ремоделирање на рожницата (предната проѕирна површина на окото) за отстранување или намалување на диоптријата/цилиндерот.

Со ласерската корекција на диоптрија се корегира/отстранува ‒10 до +6 и ±6 астигматизам (цилиндер). Возрасната граница е од 18 до 40 години и минимум една година стабилна диоптрија.

„Јас сум најсреќна на целиот свет, бидејќи сум со јасен вид, чисто гледам и навистина некако сум со поголема самодоверба и едноставно живеам нов живот.“ – Здравка Мирчевска.

„Диоптерот многу ми пречеше во секојдневието, во работата, а она што најмногу ми пречеше е што навечер не можев ништо да гледам иако носев контактни леќи последниве 6 години. Често се соочував со печење на очи, чешање, црвенило затоа што очите постојано ми беа суви, и исто така се случуваше контакните леќи да ги нема во оптиките, па чекав додека стигнат или ги нарачував од странство. Ноќно време видливоста ми беше многу слаба, се случуваше и да одминам луѓе кои што ги познавам затоа што не сум можел да ги видам. По направената интервенција чувството не се опишува. Самодовербата и среќата беа на завидливо ниво.“ Александар Давидовски

Самата интервенција трае само 5 минути од око. Таа е комплетно безболна – се става локална анестезија во вид на капки и пациентот не чувствува болка. Пациентот е буден и разговара со офталмологот и ги следи неговите насоки. Со денешните ласери, една диоптрија се отстранува за помалку од 2 секунди. Системот за следење на окото на пациентот во текот на операцијата (tracker) овозможува прецизна достава на ласерските зраци на точно одредено место, независно од микродвижењата на окото на пациентот додека работи ласерот.

Ласерската корекција на диоптрија во Систина Офтамологија е рутинска процеудура која се спроведува согласно протоколи и стандарди на светската офталмологија. Искусниот хирушки тим, како и за сите други интервенции, е гаранција за успех во третманот на вашите очи.

Нормални реакции непосредно по интервенцијата се малку заматен вид, пецкање, чувство на песок и чешање. Овие симптоми за краток период исчезнуваат, а капките кои ќе ги ставате помагаат во влажнење на окото и намалување на споменатите симптоми.

„Пред една година направив ласерска корекција на диоптрија. Многу сум среќна што повеќе не носам очила, видот ми е одличен. Интервенцијата помина брзо и лесно, немав никакви болки и видот ми се стабилизраше за само неколку дена.

Јас живеам во Швајцарија, но периодов сум во државава и дојдов на контрола за да сум во тек со мојата состојба и да си го видам прекрасниот тим и д-р Фанка Гилевска од кои сум презадоволна и поради кои денес гледам јасно.“ – Алити Кадрие.

„Купувањето очила ми претставуваше трошок кој кога го споредив со цената на ласерската корекција на диоптрија излегуваше неколкукратно поголем. Пресудно да се решам беше едно видео за ласерска корекција на видот направенa во Систина Офталмологија. Нестварно е за колку брзо време диоптријата исчезна и колку јасно гледам сега. Не можев да поверувам.“ - Јордан Јанчевски

Летна цена за ласерска корекција на диоптрија 400 еур од око. Пакетот вклучува: интервенција со локална анестезија, контролите и терапијата во следените три месеци. Постои можност да се плаќа на рати без камата и дополнителни трошоци.