Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Латас до Павле Богоевски: Ти и Апасиев бевте Шарена револуција, сакавте власт без избори и лажевте дека ќе ја кажете вистината за убиството кај Смилковско и Никола Младенов

Во жестока дебата во вечерашното гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, новинарот Драган Павловиќ Латас на Павле Богоевски од СДСМ му порача дека тој и неговиот партнер Димитар Апасиев од Левица преку Шарена револуција сакале да добијат власт без избори кажувајќи дека знаеле кои се убијците на Смилоковско езеро, како и кој стои позади убиството на новинарот Никола Младенов.

-Вие и вашиот партнер кој денеска ја предводи Левица пропагиравте и се обидувавте да добиете власт со тоа што знаете кој се убијците на Смилковско езеро, кој го убил Никола Младенов, итн. Промовиравте цела една политика со која се судривте во собрание и кој тоа вас сакал да ве убие. И кој тоа вас сакал да ве убие? Дали има некој осуден за убиство, освен во еден случај за обид за убиство, и не правите филмови од Шарена Револуција која го направи тоа што го направи, му порача Латас на Богоевски.

Богоевски на ова одговори дека со оваа изјава Латас го навредува на лична основа како и дека Апасиев не му бил партнер.

-Не можете да ме обвините мене дека одам на лична основа, откако ги изговоривте зборовите мојот партнер кој денес ја предводи Левица, значи по чудна констелација на зборови од тоа Димитар Апасиев да биде наречен мојот партнер немам слушнато. Сме биле на една страна, но партнер далеку од тоа, одговори Богоев, на што Латас додаде дека не мислел на сексуални партнери, туку партнери во политиката.

-Па на говорница бевте заедно, ве има на видео, на говорница заедно. Не мислев партнери во сексуална смисла, мислев партнери во политика, му рече Латас на Богоевски.