Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Личната потрошувачка на населението во Албанија во првиот квартал зголемена за 8,6 отсто

Централна банка на Албанија денеска објави дека личната потрошувачка на населението во првиот квартал од годината е зголемена 8,6 отсто, што е последица на зголемувањето на вработеноста и на платите, намалувањето на ограничувањата за движење, како и на поволните финансиски услови и кредитниот раст.

dobivaj vesti na viber

Според индиректните показатели, растот на личната потрошувачка во овој период е присутен во сите нејзини главни категории. Домаќинствата ги зголемија трошоците за артикли за широка потрошувачка, основни набавки и услуги.

Централната банка забележува дека расположливите показатели за вториот квартал од годината укажуваат на континуиран раст на приватната потрошувачка, но со пониско темпо.

– Квантитативните податоци за обемот на увезени стоки за потрошувачки цели во вториот квартал го поддржуваат овој тренд. Забавувањето на растот се заснова на податоците од Анкетата за доверба на потрошувачите, при што довербата на потрошувачите останува ниска, под историскиот просек, поттикната од неизвесноста на високите нивоа, оценува албанската Централна банка.

Но, по се изгледа дека личната потрошувачка во третото тримесечје ќе забележи значителен пад, поради високата инфлација, која во јули достигна ниво од 7,5 отсто од БДП, што е рекордно ниво во изминатите две децении и со најави за ново зголемување.

Во изминатите два месеца албанските граѓани најмногу се погодени од зголемените цени на храната.

Само во јули прехранбените производи бележат пораст од 13,2 отсто, лебот за 20 проценти, додека млечните производи, овошјето, рибата, месото и зеленчукот од 10 до 13 отсто.

Со ребалансот на буџетот, Владата го продолжи социјалниот пакет за пензионерите и семејствата со слаба економска состојба и до ноември тие ќе добијат по три илјади лека (25 евра). Според експертите, помошта треба да се прошири и да биде поголема.

Извор: МИА