logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo
star Bookmark: Tag Tag Tag Tag Tag
Macedonia

Ливерпул го доби големото дерби со Манчестер Сити, ВАР повторно е во центарот на вниманието (ВИДЕО)

Ливерпул слави голема победа во дербито со Манчестер Сити, црвените се зацврстија на врвот, ја зголемија предноста во однос на шампионот и сега имаат девет бода повеќе од нив. Натпреварот изобилуваше со возбуда.

Во шестата минута од мечот Александер Арнолд играше со рака во сопствениот шеснаесетник, но тоа го направи откако претходно Бернардо Силва играше со рака, веројатно затоа ВАР одлучи дека нема пенал. Во акцијата по инцидентот Фабињо со прекрасен гол од далечина донесе водство на Ливерпул од 1-0.

Само седум минути подоцна Салах реализираше за водство на Ливерпул од 2-0.

На почетокот од првото полувреме, во 51. минута Мане реализира со глава за водство на Ливерпул и од 3-0.

Манчестер Сити конечно во 78. минута постигна гол и намали на 3-1, натпреварот во финишот стана уште поинтересен.

Пет минути подоцна Арнолд повторно играше со рака, но и овој пат Манчестер Сити не доби пенал, Пеп Гвардиола беснееше крај аут линијата тврдејќи дека неговиот тим е оштетен.

Themes
ICO