Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Лоша порака се свирежите на химната и условната казна за Алабаковски, вели Милков

Според Милков, како што пренесе МИА од Софија, овие два настана откриваат „структурен проблем за правата на Бугарите во Северна Македонија“

Милков рече дека казната за Алабаковски е најлесната можна и додаде дека тој очекувал построга казна имајќи предвид дека законот предвидува затвор од 6 месеци до 5 години. „Сепак, тоа е одлука на независниот суд во Северна Македониј“, рече тој.

„Двете дела извршени во текот на неделата се дела на омраза, тие испраќаат порака и до народот на Република Северна Македонија и до Бугарија и таа не е позитивна. Треба да се обрне внимание на тоа дека јазикот што е користен на натпреварот, е јазик што го користеле политичарите. Ова е слика на обиди за еродирање на досега постигнатите договори и им покажува на граѓаните на Република Северна Македонија каде стои земјата во однос на преговарачкиот процес со ЕУ  Обидите за слободно толкување на францускиот предлог и создадената атмосфера во Република Северна Македонија не го фаворизираат процесот. Има долг пат да се изоди“, коментира министерот за надворешни работи на Бугарија.