Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Мајката на Мина е вистинска убавица – идната баба на Огнен Амиџиќ со професија која ниту малку не е лесна, еве со што се занимава (ФОТО)

Водителот Огнен Амиџиќ неодамна потврди дека со својата нова девојка Мина Наумовиќ чекаат бебе.

Популарниот пар веќе ја закажа и венчавката, а идната баба на водителот е многу убава жена, пренесуваат српските медиуми.

Имено мајката на Мина е докторка по интерна медицина, а она што сите го потврдуваат е дека двете личат премногу една на друга.

Според податоците достапни на интернет во биографијата на нејзината мајка пишува дека таа завршила интерна медицина во Нови Сад во 1983-та година како еден од најдобрите студенти со просек од 9.66.

Зора осум години подоцна завршила и специјализација по интерна медицина со оценка 10, а потоа и магистрирала на истиот факултет.

Министерството за здравство во Србија и го доделило и епитетот примариус.