Macedonia

Македонија не е носител во баражот за СП, нè очекува тежок противник

Виена, 27 февруари 2020 (МИА) – Европската ракометна федерација (ЕХФ) денеска го објави изгледот за баражите за СП 2021, кое ќе се одржи во Египет.

Македонија поради слабиот настап на ЕП 2020 се најде во групата на неносители, што значи дека ќе имаме силен противник во борбата за настап на СП.

Ждрепката за баражот за СП во 2021 година ќе се одржи на 9 март во Виена.

Носители: Словенија, Германија, Португалија, Шведска, Австрија, Унгарија, Белорусија, Исланд, Чешка и Франција

Неносители: Македонија, Швајцарија, Холандија, Црна Гора, Украина, Србија, Турција/Русија, Романија/БиХ, Полска/Литванија, Израел/Летонија, победник од квалификации.