Поранешниот министер за правда Михајло Маневски во емисијата „Алфаскоп“ истакна дека владата на СДСМ каде што некои ја нарекуваат и  „ненародна“ влада,  со своето владеење не води сметка за интересите и виталните чувства на македонскиот народот. Тој истакна дека се врши тортура врз поранешното раководсто на ВМРО-ДПМНЕ со што секојдневно се бара да се појавуваат на судење, а за премиерот Заев веќе 20 пати се одложува судската постапка.

-Влада која што не води сметка воопшто за интересите на народот, не води сметка за виталните чувства на граѓаните , не води сметка за ниедно од прашањата за кои што стануваше збор и во предизборната кампања и во она што треба да значи функционирање на еден правен систем. Некој  ја нарекуваат ненародна влада.  Меѓутоа видите сега што се случи и тоа е осмислено што се направи. Значи секојдневно се организираат судења на поранешните раководители од ВМРО-ДПМНЕ и раководството на партијата . Значи секојдневно и интензивно. Додека случајот на Зоран Заев веќе трета година дваесет пати се одложува , смислено се одложува 20 пати за да не се спроведе таа постапка. И што се чека? Јас мислам дека се чека да се повлече обвинението како што се повлече и за случајот  „Шпион“ истакна Маневски.

Маневски додаде дека сето ова што се прави е концентрација на една негативна енергија за да го стави народот  во едни канџи за да незнае како да се ориентира. Тој потенцираше дека во затворите се држат македоснки херои за едно непостоечко и измислено монтирано кривично дело „Терористичко загрозување на уставниот поредок и тоа луѓе со професија уметници, архитекти, и други лица.

-Сето ова е концентрација на една негативна енергија во Република Македонија со една единствена цел , Република Македонија да се разнебиди , да го смени уставното име и да остане на маргините на она што треба да значи национален идентитет на македонскиот народ  и се она што ја  одликува  државата низ вековите. Ова е едно сценарио за да се разнебити државата и да се остварат одредени други интереси истакна Маневски.

Маневски додаде дека власта се лаже ако мисли дека ќе и се остварат ваквите сценарија бидејќи македонскиот народ е способен и македонскиот народ нема да дозволи да биде жртва на овакви игри, на овакви туѓи интереси и дека ќе ја земе судбината во свои раце.