Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Меркел: Зборовите на Путин не се знак на слабост, туку на политичка мудрост

Од: А1он

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел повика зборовите на рускиот претседател Владимир Путин да се сфатат сериозно.

dobivaj vesti na viber

„Зборовите сфатете ги сериозно. Немојте веднаш да ги отфрлате како блеф, туку сериозно да се соочите со нив. Ова не е знак на слабост, туку доказ за паметно политичко дејствување“, рече таа.

Хелмут Кол би направил се за да ги зачува и заштити суверенитетот и интегритетот на Украина, но никогаш нема да го изгуби од вид „денот потоа“, истакна поранешната германска канцеларка.

Со тие зборови Меркел индиректно го изрази својот став за ситуацијата во Украина.

По напуштањето на функцијата, Меркел рече дека нема да коментира дневно-политички прашања, па го „изврти“ својот став во одговор како канцеларот Кол ќе одговори на кризата во 2022 година.

Таа рече дека Кол „паралелно секогаш ќе го земе предвид она што во моментот изгледа незамисливо, а тоа е како повторно да се развиваат односите со Русија“.