Macedonia

Меси: Одлично функционирам со Гризман

Во големо интервју кое го даде за „Мундо Депортиво“, Меси беше прашан и за неговиот однос со Гризман.

„Имам добар однос со Гризман, исто како и со сите останати во тимот. Добри сме и надвор од теренот. Нормално е на почетокот да не функционираме идеално на теренот бидејќи не се знаеме најдобро, не си ги знаеме движењата, плус тој доаѓа од систем во каде имаше поинаква игра, плус требаше да игра на левата страна која не му е омилена. Но сега во последните мечеви на кои игра централно, имаме повеќе можности за поврзување, функционираме се подобро и подобро. Дали сме си асистирале или не, никогаш не зависи од нашиот однос туку од ситуациите на теренот, мислам дека одлично функционираме заедно“, вели Меси.