Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Миликије, поранешната градоначалничка на Арачиново од СДСМ со средно стана инспекторка во Царина

Нејзиното работно место се однесува на спроведување мерки и активности за откривање и криминалистичко истражување на кривични дела, фаќање и пријавување на нивните сторители и обезбедување на докази како дел од правосудната полиција. 

Огласот бил распишан на 5 септември и траел само три работни дена. За ова работно место предвидена е плата од 29.823 денари месечно.

Миликије Халими беше градоначалничка на Арачиново од редовите на СДСМ.  

Нејзиниот сопруг Агрон Халими се занимава со извоз на калинки.