Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Милков: Подготвуваме писмен документ со конкретни задачи во билатералниот протокол со Македонија

Техничкиот министер за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков за „БГНЕС“ кажа дека ќе биде усвоен писмен документ со кој ќе се дефинираат конкретните задачи пред институциите во државата.

„Непосредните задачи во однос на билатерланиот дијалог со Северна Македонија вклучуваат и усвојување на писмен документ. Со истиот ќе се дефинираат конкретните задачи пред институациите во Бугарија со конкретно закажани обврски“, кажал министерот.

Милков, исто така, кажал дека бугарското МНР не смета дека присуство на бугарски генерален конзул во зградата на Културниот центар „Иван Михајлов“ е некаков проблем.