Членовите на ХДЗ, Миро Ковач, Иван Пенава и Давор Иво Стир денеска ги потврдија кандидатурите на претстојните внатрешнопартиски избори, кои тој ќе ги води како тим, при што Ковач се кандидираше за претседател на партијата.

Градоначалникот на Вуковар, Иван Пенава ќе биде кандидат за заменик претседател на ХДЗ, а пратеникот од таа партија Давор Иво Стиер, за потпретседател на партијата, беше соопштено на прес-конференција, пренесува Хина.

На вчерашниот состанок на Претседателството на ХДЗ, беше решено изборите за претседател на партијата, заменици и четворица потпретседатели да се одржат на 15 март.

Раководството на партијата ќе биде избрано директно, по системот еден член – еден глас.