Macedonia

Мицкоски до Заев: Се возите во тоа на М, вие сте опседнат го Груевски

-Господине Заев се возите во мерцедесот на Груевски, тоа на М се сеќавате. Седите во барокната фотелја и во неговиот кабинет, седевте до скоро, се надевам дека нема да ја имате повторно таа можност и граѓаните се надеваат дека ќе ја нема таа можност. Господине Заев опкружени сте со соработниците на Груевски, официјално и неофицијално тие што се во вашиот скут. Вие сте опседнат со Никола Груевски, оставете го Никола Груевски, ајде да зборуваме за тоа што е тема, ова го упати Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во денешниот дуел на Зоран Заев.

Мицкоски во своето гостување порача дека треба да се зборува за реформите во судството затоа што без квалитетни реформи во судството, без квалитетни обвиненија, без квалитетни пресуди не може да се оправдат постоењата во политиката.