Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Мицкоски: Срамно е тоа што го направи Маричиќ - треба да се побара негова оставка

Тоа што го кажа пратеничката Дафина Стојаноска, тоа се случило. Вие може да глумите во животот. Но, вашето лице порано или подоцна излегува на површина, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување на телевизија 21 во емисијата Клик плус.

Според Мицкоски нормално е да се побара оставка од вицепремиерот Маричиќ.

„Ама нормално е и да не даде оставка за да остане да ги ужива привилегиите кои ги дава функцијата. Срамно е тоа што го направи Маричиќ, кога мислам дека дури ги руши границите на примитивизмот, тој покажува дека може уште попримитивно“, кажа Мицкоски.

Мицкоски укажа дека однесување не недзволиво за вицепремиер.

„Сексистичкит настап е недоговорно нешто на вицепремиер, тој само тоне повеќе со лагите, еден ден ќе се одговара за се што е казниво“, рече Мицкоски.