Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Мицкоски: Уште не се залечени раните за случајот со Онкологија, има нова афера каде ќерка дава тендер од три милиони на татко

Од: А1он

Во услови кога не се залечени раните од оној траор и гнев кој секој од нас го чувствува поврзан со она што се случувало на клиниката на Онкологија, стигнува нова афера каде ќерка дава тендер на татко и тоа ни помалку ни повеќе туку три милиони евра, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната посета на општина Илинден одговарајќи на новинарско прашање за најновата афера поврзано со клиниката за хематологија чија директорка Пановска доделила тендер на веледрогеријата на нејзиниот татко.

Мицкоски истакна дека оваа спрега трае со години, можеби децении и затоа здравството е доведено до ова дереџе, но посочи дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ сериозно ќе ги испита сите сомнежи за криминал и секој кој сторил криминал ќе одговара.

– Повторно ќе кажам од оваа влада не очекувам ништо, следната влада на ВМРО-ДПМНЕ има сериозна намера да се занимава со криминалот од било која форма, дали е ваков семеен, дали е оној кој планираат да го амнестираат преку оној нов Закон за амнестија или политички криминал кој го генерираат овие во владата, рече Мицкоски.