Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Мицкоски: Замрзнувањето на цените не го решава проблемот, водат погрешни економски политики

Владата води комплетно погрешна економска политика. Не е проблем одлуката да на насилен болшевички пат интервенираат на пазарот. Во ред, тоа е во немоќ. Проблемот е што ние немаме раст на продуктивноста со што ќе имаме континуиран раст на бруто домашниот производ, сериозен озбилен раст. Во првата половина тоа е еден незначителен раст од 1,6 проценти и ако се спореди со инфлацијата ќе видите дека во минус сме повеќе од 10% проценти, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски запрашан за коментар за замрзнувањето на цените на одредени производи.

Мицкоски додаде дека владината економска политика била погрешна.

-Немаме раст на БДП, немаме раст на продуктивноста, имаме какво такво, имаме некакво вештачко зголемување на примањата, кои секако се недоволни за да ги амортизираат овие ценовни шокови кои што се на пазарот и инфлацијата, тврди лидерот на опозицијата.

„И сега што прават? Болшевички одлучуваат да интервенираат на пазарот, односно колку што можев да бидам информиран од страна на овие официјални гласила, е дека, практично, одлуката е за намалување на сите цени линеарно 10%. Можеби треба 20, можеби и 30, можеби и 50 проценти, можеби треба да ја анектираат целата економија, но тоа не го решава проблемот. Јас ги разбирам дека тие се навикнати на едноумие, на болшевизам и така натаму, но тоа нема никаква врска со пазарната економија. Уништувајќи еден сегмент, на сметка да добијат, можеби краткорочно на ден два политички поени, притоа изгубија премногу. Зошто? Повторно ќе кажам, нема зголемен БДП, нема зголемена продуктивност, нема зголемена економска активност и сега што прават, прават насилен упад на пазарот. Еве јас ви кажувам, ниту ова ниту пак било која идна мерка од оваа влада полна со незнајковци, ќе биде добредојден и ќе донесе било каков ефект“, рече Мицкоски.