Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Мизрахи: Борис Трети сметал дека Евреите се „најголемо зло“ и оти се виновни за сѐ

„Во наравот на еврејството е да паметиме и да го чуваме нашето минато и историја. Честопати не сум сакала да зборувам за Холокаустот, бидејќи луѓето ги поистоветуваат Евреите со Холокаустот. Ова наликува на амбиент на кршење на историски факти. Ваквиот акт е недозволен и предизвикува провокација. Како Еврејка сум трогната од ваквиот назив. Основачите го знаат историското минато на цар Борис Трети“, рече поранешната министерка и актуелна пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи, околу денешното отворање на бугарскиот клуб со контроверзно име во Охрид.

Мизрахи, која и самата е припадничка и претставничка на еврејската заедница во земјава, вели оти царот Борис Трети говорел дека „Евреите биле најголемо зло“.

„Еврејството е виновно за сите конфликти и сите светски заговори и каталиклизми“ – се само дел од неговите изјави. Тој наратив бил присутен во владеењето на царот“, рече Мизрахи во вестите на Тв Сител.

Според неа, ова провоцира и прашува зошто не биле одбрани други имиња за назив на клубот.

„Ова може да се реши на друг начин. Бугарија има мислители, дејци. Во Израел нема таков споменик по име на царот Борис Трети“, рече пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ.