Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

МОН со важна информација за корисниците на студентска стипендија

Министерството за образование и наука (МОН) соопшти дека сите корисници на студентска стипендија, кои ги исполнуваат договорените услови за продолжување на истата, треба да достават документи до Министерството за образование и наука почнува на 01.10.2022 и трае до 30.10.2022 година.

Корисникот на стипендија треба да достави:

1.Потврда за запишан нареден семестар, односно година на студирање.

2.Уверение за положени испити со успех од претходните години.

3.УППИ образец за предвидени и положени испити со успех од претходните години, како докази дека има положено 80% односно 90% (зависно од типот на стипендија кој го користи) од предвидените испити, односно дека го одржал просечниот успех на студирањето, согласно договорот за стипендија.

Документите се доставуваат електронски со прикачување на соодветната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mk

За било каква информација или прашање обратете се на електронската пошта studentski.stipendii@mon.gov.mk“, се вели во соопштението на МОН.