logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo logo
star Bookmark: Tag Tag Tag Tag Tag
Macedonia

МЗШВ: Притисоците и уцените беа одлика на ВМРО – ДПМНЕ која сега го брани и криминалот

Од:

Измислениот случај за наводни притисоци е само уште еден обид на ВМРО – ДПМНЕ да го заштити криминалот, оцени Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) по денешната прес-конференција на дополнителниот заменик-министер Цветан Трипуновски во врска со вчера објавената аудио снимка на порталот „Економски лидер“.

МЗШВ наведува дека нема да штити криминал и дека институциите работат и ќе работат согласно пропишаните закони.

-Интересот на граѓаните и на земјоделците е наш врвен приоритет. Во изминатите три години покажавме што значи вистинска грижа за земјоделците преку континуираните отворени средби со нив, преку консултации за секоја мерка што треба да се носи, решавање на секој проблем поединечно. Притисоците не се одлика на МЗШВ овие три години, како што тоа беше претходно во Владата на ВМРО – ДПМНЕ. Во врска со објавената аудио снимка на порталот „Економски лидер“, јасно се слуша дека нема закани и притисоци од страна на советникот на министерот Трајан Димковски, туку добронамерно укажување и советување до лицето од разговорот да ја врши својата работа согласно законот, велат од Министерството.

Воедно потсетуваат, како што соопшти вчера и министерот Трајан Димковски, дека лицето со кое разговара Мојовски на снимката е инспектор директно задолжен да го следи концесионерот на Охридското Езеро, обврска што, всушност, не ја исполнил.

-Во декември минатата година стигна допис од Регионалниот центар за гранични работи „Запад“ во кој се посочува дека постои отсуство на преземени активности од страна на Државниот инспекторат Охрид и Струга и на концесионерот на Охридското езеро „Летница –Белвица“ во делот на контролите за откривање и спречување криминал. Центарот алармирал дека токму концесионерот има вработени лица за стопански риболов кои се познати сторители на кривични дела како шпто се незаконски риболов и недозволена трговија со дрога. Овие лица го злоупотребиле стопанскиот риболов и со помош на необележани пловни објекти за стопански риболов учествуваат, помагаат и овозможуваат извршување на кривични дела, криумчарење на марихуана и риба преку сината граница на крајбрежјето на Охридско езеро. Токму посоченото лице во аудио снимката е директно задолжено и одговорно во име на Државниот инспекторат за земјоделство, а со тоа и за концедентот Република Северна Македонија, и согласно договорот за концесија, да го следи концесионерот и да презема соодветни мерки за почитување и исполнување на обврските од договорот. МЗШВ навремено за случајот ги извести сите надлежни институции Државниот инспекторат за земјоделство, Пазарен инпсекторат, Трудов инспекторат и Агенцијата за храна и ветеринарство за да се извршат итни инспекциски контроли на терен, стои во реакцијата на МЗШВ по прес-конференцијата на Трипуновски.

Themes
ICO