Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

На магистралниот пат Гостивар – Кичево сообраќајот се одвива наизменично

На магистралниот пат Гостивар – Кичево сообраќајот се одвива наизменично со пропуштање на сите типови возила, извести АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.