Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

На жителите на Херсон им се издадени првите руски пасоши

Според официјалната агенција ТАСС, 23 жители на Херсон добиле руски пасош на посебна церемонија како дел од „поедноставената процедура“ овозможена со декрет потпишан од рускиот претседател Владимир Путин кон крајот на мај. „Сите наши жители на Херсон сакаат да добијат пасош и руско државјанство што е можно поскоро“, рече по церемонијата на врачување на пасоши шефот на проруската администрација во регионот Владимир Салдо.

„За нас започнува нова ера. (...) Ова е најважниот документ што еден човек го има во животот“, изјави тој за РИА Новости.

Проруските власти во Херсон соопштија дека го избрале датумот на издавање на првите руски пасоши да се совпадне со обележувањето на рускиот национален празник, Денот на Русија, 12 јуни. На тој ден Русите го слават прогласувањето независност на земјата.

Областа Херсон беше речиси целосно освоена од руската армија на почетокот на офанзивата започната на 24 февруари. Декретот, потпишан од Кремљ кон крајот на мај, со кој се овластуваат проруските локални власти да издаваат пасоши на жителите, се однесуваше и на регионот Запорожје, кој е делумно контролиран од Москва.

Украина го осуди усвојувањето и воспоставувањето на оваа специјална процедура, осудувајќи го и „флагрантното нарушување“ на нејзиниот територијален интегритет.

„Декретот на рускиот претседател е правно ништовен и нема да има последици“ врз „украинското државјанство на жителите на областа привремено окупирана од Русија“, се вели во соопштението на украинското министерството за надворешни работи.