Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Од: А1он

Валенсија ќе се раздели со најдобриот фудбалер Гонсало Гуедеш. Тренерот Џенаро Гатузо призна дека претстојниот трансфер е причината што Португалецот не беше дел од пријателскиот натпревар со Аталанта.

dobivaj vesti na viber

„Раководството ми кажа дека добиле исклучителна понуда од клуб од Англија“, изјави Гатузо.

Според медиумите во Шпанија, се работи за Вулверхемптон. „Волците“ ќе платат 30 милиони евра за Гуедеш, а уште 5 милиони можат да влезат во касата на „Месталја“ како бонуси.

Минатата сезона Гонсало Гуедеш одигра 42 натпревари за Валенсија во сите натпреварувања, постигнувајќи 13 гола и шест асистенции.

Валенсија се надеваше дека тој ќе потпише нов договор, но Португалецот не се согласи и кариерата ќе ја продолжи во Премиерлигата.

Извор: Топспорт