Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Најмалку 11 лица загинаа, а 34 се повредени во автобуска несреќа во Хрватска

Автобус со полски регистарски таблички рано утринава во 05:30 часот, излетал од автопатот А4 кај потегот од Брезнички Хум до Комин, додека се движел кон Загреб пренесува „Јутарни лист“.

Според првичните информации на лице место загинале најмалку 11 лица, а 34 се повредени но надлежните информираат дека овие бројки се неслужбени и можеби не се конечни. Полицијата е на самото место и започна со увидот, а можат да се забележат и голем број на возила на Итната помош како и пожарникари кои помагаат во извлекувањето на патниците.

Засега нема официјални информации која е причината за несреќата, но според неофицијални информации, најверојатно возачот заспал при управувањето со возилото.

„Во несреќата загинале поголем број на лица кои биле тешко повредени. На местото на настанот заедно со полициските службеници од Вараждин и Загреб се ангажирани повеќе екипи од заводот за Итна медицинска помош од подрачјето на Вараждин но и Загреб, како и пожарникари од двете жупании“, велат од хрватската полиција.

Фото: Screenshot/YouTube