Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Наместо незаборавна забава, Карлеуша за роденденот отпатува со овој маж – конечно ужива слободна, а на луксузната дестинација ги зема и ќерките

Српската пејачка Јелена Карлеуша, денес 17 август го прославува својот 44-ти роденден, а по тој повод вчера ги спакува куферите и со ќерките замина на луксузна дестинација.

Пејачката заедно со наследничките Атина и Ника заминаа за Дубаи каде ќе уживаат неколку денови.

Карлеуша снимаше на својот Инстаграм профил во каков луксузен комплекс се сместени, а тие биле пречекани и со коктел од јагоди и луксузен автомобил кој ги земал од аеродромот и со кој ќе патуваат секаде каде што ќе посакаат.

Она што на сите им е „чудно“ е што пејачката својот роденден го прославува со своите две ќерки и својот ПР меначер, Зоран Бирташевиќ, наместо да организира забава по која е позната таа во минатото.