Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Не сум дезертер, имав абдоменален проблем со кој сѐ уште се соочувам, одговори премиерот

„Дали приложивте документ дека сте трајно неспособен за служење на воениот рок, затоа што сте трајно неспособен или лажиравте дека сте трајно неспособен“, гласеше прашањето што Драган Ковачевски му го постави на премиерот Димитар Ковачевски. Претходно тој образложи дека лице кое е трајно неспособно не може да води држава и нагласи дека ако е лажирана потврдата дека тој не може да има пристап до буџет од 5 милијарди евра, дека не може да има доверливи информации, безбедноснен сертификат и дека едноставно, не може да биде премиер. Притоа, Ковачки и нагласи дека премиерот избегнал да ѝ служи на татковината во воената 2001 година и дека тој е дезертер,.

Премиерот Ковачевски одговори дека одговорот на прашањето го упатува до граѓаните затоа што, нагласи, тука во Собранието дал заклетва дека ќе работи во интерес на граѓаните.

„Јас ветив дека ќе ја зборувам само вистината. Накусо, во 2000-та година, согласно сите законски процедури базирани на законот за одбрана од 1992 година, во рамки на процедурата, а поткрепено со стручни лекарски мислења заради мој здравствен „ беше регистрирано моја неможност за служење на воена обврска. Непознати за мене лица од регрутните комисии го дадоа тоа мислење и тоа во 2000 година, пред да се случи воениот конфликт и кризата од 2001 година. Ниту сум прв или последен случај поради здравствен проблем. Тоа јасно и гласно го соопштувам. Не за да се објаснувам, туку затоа што еве, ја говорам вистината“, рече премиерот Ковачевски.

Тој потоа покажа кон пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и рече дека ваквите обвинувања доаѓаат од налогодавачи кои се „насилници, криминалци, крадци и кодоши“.

„Се растураат внатре помеѓу себе заради делење на пари како оние од градскиот скопски тендер од 136 милиони евра. Како што е целото раководство осудено на десетици години затвор за криминал. Освен криминал и фотелји за ништо друго не сте заинтересирани, народот тоа го прочита. А кој човек зборува за воениот рок? Човек кој издавал и крадел документи за странски структури од македонската армија, за пари. Затоа и тој дезертирал од АРМ. Затоа и не може да влезе во зградата на АРМ. Затоа нема НАТО безбедносен сертификат. Човекот кој го споменува мојот драг роднина кој почина и кој ги загуби своите две деца. Бог да го прости“, рече Ковачевски.

Премиерот уште додаде дека срамно завршил Ковачевски во АРМ со симнување на чинот, а продолжил облечен во сако да биде кодош и да злоупотребува и живи и умрени лица.

„Потребна му е конзилијарна оценка“, рече премиерот и уште додаде:

„Во 2001 година му помагав на мојот татко како градоналник на Куманово да се справи со воениот конфликт, додека врхушката на ВМРО-ДПМНЕ беше избегана по грчките плажи“, нагласи премиерот.

Додека тој говореше, бура од негодување доаѓаше од пратеничките клупи на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ.

На тоа реагираше пратеникот Ковачки и во форма на дополнително прашање рече:

„Лажел тогаш, лаже и денес. Слушнавме дека сте трајно неспособен за АРМ. Дали вашата состојба е прогресирана? Затоа е битно да се утврди дали сте способен за функцијата. Тоа го велат законите. Вие сте дезертер и отпадник од македонското ткиво. Македонија не се брани под јорган. Избегавте кога беше најпотребно и го лажиравте тој документ. Срам за државата е да бидете на оваа функција. Нема држава во која дезертерите се водство. Вие не сте премиер, туку марионета, пиун. Македонија така нема напредок. Ќе се види кој е кодош“, рече Ковачевски.

 П.Џ.