Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Неочекувани и помалку познати факти за СЛАНИНАТА

Доколку мислите дека знаете се за овој сувомесен производ, размислете малку подобро.

Во продолжение прочитајте ги 7-те факти за сланината кои може ќе ве изненадат.

Лечи мамурлук

Британски истражувачи од универзитетот во Њукасл го поврзале консумирањето на сланина со намалување на последиците од мамурлукот. Откриено е дека сланината содржи аминокиселини кои помагаат да се надоместат неуротрансмитерите чиј број брзо опаѓа поради интензивното пиење алкохол.

 „Заведува“ со мирисот

Мирисот на димена сланина бил инспирација за цела палета на производи вклучително и тоалетна вода креирана уште во 1920 година од париски месар. Производот содржел 11 есенцијални масла, од кои едно потекнувало токму од димена сланина.

Го освежува здивот

Заборавете на пастата за заби со етерични масла од хибискус, ментол и други освежителни билки – побарајте ја онаа со мирис на сланина. Пастата со оваа димена состојка ги чисти забите на традиционален начин, но и ви гарантира свеж здив.

Најдобро се подготвува во рерна

Спротивно од мислењето на повеќето – најкрцкавите кришки сланина ќе ги добиете ако ги испечете во рерна. Наместо во тавче, парчињата сланина ставете ги на хартија за печење, па во рерна.

Се слави на државно ниво

Некои нации се толку опседнати со сланината што им посветуваат посебно внимание и манифестации. Саботата пред празникот на работата во САД се смета за неслужбен ден на сланината. Љубителите овој ден уживаат во храната и пиењето испирирани од овој сувомесен производ.

Помага во памтењето

Сланината содржи микронутриент наречен колин, кој е важен за развој на делот од мозокот резервиран за памтењето. Една студија сугерира дека оваа состојка може да придонесе за подобар развој на мозокот кај нероденото дете доколу бремената жена консумира храна богата со тој елемент.