Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Никој не нѐ сопре да го формираме здружението „Цар Борис Трети“, вели неговиот претседател

„Ние само го избравме ликот на Цар Борис III како еден бугарски цар. Ние ниту сме помислиле да направиме некоја провокација, ниту ништо“, изјави Блажевски.

За денешниот протест против отворањето на клубот во Охрид, Блажевски вели дека, тоа е граѓанско право на тие што протестираат.

„Не провоцираме. Ние си живееме во Охрид, во Македонија. Не сме имале проблем со луѓето. Велам, сѐ се исполитизира и тоа е“, изјави Блажевски.

Блажевски, нагласи дека од отворањето на здружението пред една година се било нормално и никој не ги стопирал или забранил.

„Последнава година почна да се политизира целата работа и се крена глас против нас. Ние се оградивме дека немаме никаква соработка или некои неонацистички или фашистички движења. Доколку имаме нас нека не судат. Меѓутоа, ние таква работа не сме направиле“, рече тој и нагласува дека ги запазиле сите закони и дека ја почитуваат оваа држава.