Macedonia

Нов атест за плинскиот уред ако патувате во странство, казните до 3.000 евра | 24Инфо

Имате возило со дополнително вграден плински уред. Внимајте доколку со него патувате преку граница бидејќи истиот не е вечен. 24 инфо ги праша надлежните колку трае уредот од денот на вградувањето? Плинската боца трае пет години, а атестот за истиот десет. Ако ве сопре полиција во Словенија, освен казна од 1.000 евра, останувате и без возило. Пожарникари ви го полнат возилото со пена за гаснење на пожар и ви го транспортираат до граница. Во Грција казната е 500 евра и не смеете истото да го паркирате во затворена гаража. Во Австрија, пак, казната е 3.000 евра.

Купувате бензинец и сакате да вградите плински уред! Направете го тоа што поскоро бидејќи возењето ќе ве чини двојно пoефтино, но знајте дека проблемот ви е решен само пет години. Законот вели дека доколку се поминати пет години од вградувањето, ви треба нов атест доколку сакате да одите преку граница. За пет години од инсталацијата на уредот ТНГ или по 10 години на плинскиот резервоар неопходно е да се направи контрола  да се извади нов сертификат.

Ако сопственикот на возилото не го направи ова тој ризикува полицијата да го исклучи oд сообраќајот, да плати казна , па дури и да остане без истото. Проблемот е голем кај сите кои  преминуваат граница. Сообраќајната полиција во ЕУ сè повеќе ги организира таканаречените “Тиспол” акции, кои се синхронизирани во 28 европски земји. Во Грција, казната е 500 евра, ако тежината на возилото пријавено во сообраќајната дозвола не соодветствува на фактичката состојба поради вградената ТНГ. Во некои земји, казните се движат до неколку илјади евра. Најмалата казна е во Црна Гора и е само 60 евра. Во Австрија дури 3.000 евра.Покрај казната, ќе мора да се вратите назад, а полицајците ќе ве придружуваат до државната граница.

Според истражувањето, казните се најригорозни во Словенија. Ако полицаец ве сопре за некој друг прекршок и открие дека немате соодветен документ, го повикува одделот за противпожарна заштита кој со пена го залева моторот превентивно да не настане пожар. Потоа ви следи драконска казна и придружба до граница за возилото кое е на шлеп. Освен казната водете сметка дека ќе се олесните и за транспорт на колата.

Најмалата казна за овој прекршок е во Црна Гора и само 60 евра. Во Австрија дури 3.000 евра.

-Во ЕУ возилата што користат гас не смеат да влезат во затворени гаражи кои немаат посебна вентилација, бидејќи овие гасови се потешки од воздухот и се акумулираат на дното на гаражата. Само една искра е доволна за да направи хаос- велат во Грција.

Цената на атест кај нас е околу 50 евра. Важноста на истиот е 10 години. Но надвор од границите тој важи само пет години.

Соред важечките закони во земјва сопственикот на возилото во кое е вграден автогасен уред е обврзан да изврши „Преглед на возило со вграден автогасен уред“, (атестирање) што се прави на Машински Факултет Скопје или Аутомакедонија.

Сопственикот го носи возилото во станица за технички преглед во градот во кој возилото ќе се регистрира. Со себе треба да понесе  документи за возилото кои ги добил при негово превземање И документи за вграден автогасен уред (фотокопија), во кои идентификацијата на возилото е направена преку бројот на шасија (наместо бројот на регистерски таблички). При прегледот на возилото ќе се утврди дека е вграден автогасен уред, по што на сопственикот ќе му се издаде записник.  Потоа со истите документи и записникот од технички преглед сопственикот оди во МВР-Отсек Моторни Возила, во градот во кој возилото ќе се регистрира. Оттаму ќе му биде издаден Упат за преглед на возило со вграден автогасен уред до Машински Факултет-Скопје или Аутомакедонија. Откако ќе ги добие документите од А-тест прегледот, сопственикот оди во станица за технички преглед, на шалтерот на МВР, каде ќе му се издаде сообраќајна дозвола во која покрај типот на возило ќе стои ознаката „ТНГ“

Валентина Ангеловска

Football news:

Atalanta extended the winning streak to 11 matches, beating Sampdoria-2:0
Milner played his 536th game in the Premier League and was ranked in the top 5 of the League in games played
Barca midfielder Fati is removed in the Derby with Espanyol. He spent 5 minutes on the field
Suarez scored 195 goals for Barcelona and finished third in the club's top scorer list
Daniele de Rossi: People call Messi cowardly, but they are afraid to ask their wives for a remote control from the TV
Daniele de Rossi: Ronaldo is comparable to Messi in goals and trophies, but Leo's game is more fun
Pep about 5:0 with Newcastle: Manchester City tries to score more goals out of respect for the tournament and the opponent