Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Нов тинејџерски ТВ серијал „Тин камп“

Серијалот „Тин камп“ е забавно-музички серијал кој обработува теми  соодветни за тинејџерите.

Неколку тинејџери, таленти во музика и танцување се упатуваат во Крушево, за да бидат учесници во реномиран музички камп. Сите учесници се дојдени со иста цел, преку натпревар да ја освојат главната награда, а тоа е стипендија за реномираниот американски музички универзитет „Беркли“. Поради привлечноста на наградата, а и самото реноме на кампот, во Крушево се собираат деца од неколку балкански држави, со што кампот станува интернационален...

Во 10 епизоди во времетраење од 30-на минути, учесниците на кампот ќе доживеат неповторливо искуство, учејќи нови животни лекции. Во посебни епизоди ќе се зборува за историјата на градот, преку локациите како што се Мечкин камен, Македониум и слично. Посебна епизода ќе има и во спомен куќата на Тоше Проески, со што ќе ја потсетиме младата публика на оваа музичка легенда.

Како дел од главните актери се појавуваат Миха Гигов, Филип Поповски, Анастасија Џабирски и Филип Ивковски-Боно, кои во новата серија ги глумат истите ликови, со што гледачите ќе имаат можност да видат како тие созреваат и живеат во својот адолесцентен период. Освен добро познатите ликови, во серијалот ќе глумат и тинејџерите Петар Маниќ,  Марија Јанчевска, Дарија Врачевиќ, Далија Стојменова, Кристијан Георгиев, Дамјан Мишов, Марин Стојановски, Фљона Исени, Калина Калчоски, Ања Стојанова и многу други на возраст од 14 до 17 години. 

Во серијалот, улоги имаат и реномираните македонски актери: Петар Мирчевски, Ивица Димитријевиќ, Ангела Димитрова, Оливер Митковски, Драгана Левенска, Бранко Бенинов, Тања Кочовска Павловска, Предраг Павловски...