Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Нова опрема и возило за подобра противпожарна заштита во Битола

Територијалната противпожарна единица во Битола, продолжува да ги подобрува материјално – техничките услови, а со тоа и капацитетите за интервенција во случаи кога тоа е потребно.

Новата противпожарна опрема, која општината ја доби за територијалната противпожарна единица од Дирекцијата за заштита и спасување се состои во комплетен сет од спасувачки систем за стабилизирање и подигање при елементарни непогоди и комплексни сообраќајни незгоди и комплет сет за спасување од поплави.

Со денешната донација од ново теренско возило за гаснење на пожари на отворен простор, се дополнува и возниот парк на ТППЕ Битола.