Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Нова полициска акција на северот на Косово

Милан Радоичиќ, вториот човек на Српската листа, ја призна одговорноста за крвавите настани во Бањска.

Во отворено писмо, кое го прочита неговиот адвокат, Радоичиќ вели дека во неделата лично ги организирал сите логистички подготовки, без знаење на официјален Белград. Посочува дека е спремен да се соочи со правосудните српски органи и дека си поднесува оставка од позицијата.

-Ги известувам сите дежурни прогонители на српскиот народ, од Курти до неговите многубројни помагачи, дека лично ги извршив сите подотовки за одбрана на нашиот народ од окупаторот. За ова не известив никого, ниту власта на Србија, ниту локалните политички структури на северот на Косово, ниту од нив имав каква било помош. , изјави Горан Петронијевиќ, адвокат на Милан Радоичиќ

Обраќањето на Радоичиќ следи неколку часа откако косовски специјалци ги чешлаа неговите имоти во три општини на северот. Цел на операцијата биле станови, вили и ресторани во негова сопственост. Запленети се и два мерцедеса, теренско возило без регистерски таблички и неколку чамци при претресите во Северна Митровица, Звечан и Зубин Поток. Косовските специјалци упаднале и во клиничкиот центар во Косовска Митровица, каде според раководството на болницата, причинета била голема материјална штета, а претресот не бил ниту најавен.

-Во текот на упадот во Клиничко-болничкиот центар во Косовска Митровица дојде до насилно кршење на влезните врати од пералницата и од котларницата. Ни доставија еден записник на чисто албански јазик, на кој нема двојазичност дека е извршен претрес, а го потпиша наш дежурен работник во котларницата дека ништо не е пронајдено, а ние не знаеме ниту што било барано. , изјави Златан Елек, директор на Клиничкиот центар во Косовска Митровица

За Белград, денешните случувања се потврда на она што Србија со месеци предупредувала.

-Teрор и малтретирање на Србите во Косово и Метохија. Единствената негов цел е да ги протера сите Срби од Косово и Метохија, и тоа е тоа. , вели Ана Брнабиќ, премиерка на Србија

Oд косовското обвинителство соопштија дека операцијата е во рамките на истрагата на неодамнешните инциденти во селото Бањска и потврдуваат дека цел на претресите биле имоти на Радочиќ за да се обезбедат материјални докази. Во пресметката во неделата загинаа косовски полицаец и тројца косовски Срби. Курти обвини дека инцидентите биле поддржани од Белград, а Вучиќ негираше каква било поврзаност на Србија.