Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Ново правило во Берлин: Градот ќе одредува колку луѓе можат да изнајмат стан

Од: А1он

Од 2024 година во Берлин стапува на сила новиот закон за издавање станови, неодамна усвоен од берлинскиот Сенат. Според новото правило, самците ќе можат да изнајмуваат само еднособен стан, а паровите стан со две спални.

Пред речиси две недели берлинскиот Сенат објави „проект за борба против недостигот на станови во Берлин“. Строгите регулативи на пазарот на домување треба да обезбедат повеќе станови и поволни кирии во Берлин во иднина. Но, планот предизвика револт кај станарите.

И покрај сите критики, проектот сега е официјален. Слободните во Берлин ќе можат да се вселат само во апартмани со една соба. Според Берлинер цајтунг, самците кои изнајмуваат државен стан треба да добијат само еднособен стан. Сенатот го објави соопштението во понеделникот (25 септември). Договорот важи од 2024 година.

„При изнајмување и подзакуп се обезбедува соодветен сооднос на големината на домаќинството и станот за најдобро можно искористување на постоечкиот станбен фонд“, стои во договорот за соработка меѓу Сенатот и шест станбени заедници во сопственост на државата, а во сопственост на агенцијата за недвижности Берлиново, пренесува Феникс магазин.

На прашањето што точно значи соодветниот сооднос, градежната управа одговори: „Големите станови ќе бидат населени од семејства, малите станови ќе бидат резервирани за самци. Ова секогаш ќе биде одлука од случај до случај и нема да биде спецификација од големина на стан или број на станари“.

Сепак, што точно е голем или мал стан не е прецизирано.

Пред речиси две недели беше објавено дека самците ќе можат да се вселуваат само во еднособни апартмани, а паровите само во двособни. Само парови со деца ќе смеат да изнајмуваат повеќесобни апартмани.