Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Обезбедивме понуди за мазут и гас со што ќе се заштедат 300 милиони евра, ѝ порача Мицкоски на власта

Тој рече дека мазутот за ТЕЦ Неготино може да се набави по добра цена од околу 40 милиони евра и дека со тие количини централата би можела да произведе струја по цена од 150 до 195 евра за мегаватчас, што според него, ќе биде двојно пониска од сегашната.

Мицкоски нагласи дека струјата од ТЕЦ Неготино би требало да се користи за домаќинствата за да се избегне драстично поскапување на струјата и да се остварат заштеди.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски рече дека концептот е да се набават 250 милиони кубни метри гас од западни компании кои тргуваат со руски Гаспром и нагласи дека добил „индикативни понуди од наши пријатели од Западна Европа“.

„Ако бидат прифатени понудите,  ТЕ-ТО ќе произведува струја по цена по 200 евра за мегаватчас, а тоа е цена прифатлива за бизнис заедницата, додека пак, од друга страна, за Скопје ќе биде решен проблемот со парното греење. ВМРО-ДПМНЕ им ги става на располагање своите контакти на Владата и на бизнис заедницата“, порача Мицкоски.

На новинарско прашање лидерот на ВМРО-ДПМНЕ одговори дека тој лично нема да преговара, туку дека се работи за индикативни понуди,