Истрагата која првично ја водеше сега згаснатото СЈО не застана кај оние фирми што претходно беа опфатени во отворената истрага за „Империја".
Таа беше проширена и за „Графички центар" и за „Медиа принт Македонија" (МПМ).
Во текот на истрагата за овој предмет за време на СЈО беа направени претреси во фирмите, осомничените беа на распит во СЈО, а се собираа и докази.
Се открија и оние што стоеле зад фирмите, односно зад „Графички центар", а тоа се Мирослав Његач и Орце Камчев, а зад МПМ Орце Камчев, Јана Станисављева и Срѓан Ќерим.
Во периодот пред да биде отворен стечај на МПМ, вработените во „Вест", „Утрински весник", „Дневник", „Теа модерна" и „Македонски спорт" се соочува со доцнење на плати, а последните неколку плати останаа неисплатени.
Станисављева на средби со новинарите тогаш појаснуваше дека фирмата се соочува со финансиска криза, а потоа беше отворен стечајот.
К.Д.