Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Оштетувањата на гасоводите во Балтичкото Море предизвикани од силни детонации, тврдат шведските и данските оператори

Од: А1он

Според Шведска и Данска, оштетувањата на гасоводите во Балтичкото Море биле предзвикани од најмалку две подводни експлозии, предизвикани „со експлозив од неколку стотици килограми“.

dobivaj vesti na viber

Детонациите биле со јачина од 2,3 и 2,1 степени според Рихтеровата скала, што резултирало со четири оштетувања испуштајќи гас во морето. Две од истекувањата се на данска; две се на шведска територија.

Во изјавата на шведскиот и данскиот оператор со гасоводот упатена до Советот за безбедност на ОН, двете земји истакнуваат дека гасните столбови што се испуштаат се закана за бродовите, а можат да бидат опасни и за морскиот живот.

„Сите достапни информации покажуваат дека експлозиите се предизвикани намерно. Таквите дејствија се неприфатливи, ја загрозуваат меѓународната безбедност и се причина за наша длабока загриженост“, се вели во соопштението.

Извор: МИА