Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Палестинскиот претседател го обвини Израел за холокауст над неговиот народ

Забелешката на Абас беше одговор на новинарско прашање дали ќе им се извини на Израелците на 50-годишнината од нападот на палестинските терористи врз израелските спортисти на Олимписките игри во Минхен во 1972 година, при што беа убиени 1- израелски спортисти и тренери и еден германски полицаец.

Шолц го ислуша Абас со израз на загриженост но не реагираше веднаш. Неговиот портпарол Штефен Хебештрајт ја прогласи конференцијата за завршена веднаш по одговорот на Абас, кој претходно беше најавен како последно прашање.

Хабештрајт потоа кажа дека Шолц бил огорчен од изјавата на Абас. „Особено за нас Германците секоја релативизација на холокаустот е неподнослива и неприфатлива“, кажа потоа Шолц за германски Билд.

Потоа се јави и израелскиот премиер Јаир Лапид. „Махмуд Абас на германско тло го обвинува Израел дека извршил „50 холокаусти“, што не е само морален срам, туку и монструозна лага“, напиша Лапид на Твитер. „Шест милиони Евреи се убиени во холокаустот, вклучувајќи милион и пол еврејски деца“, напиша Лапид додавајќи дека „историјата тоа никогаш нема да го прости“.