Српската пејачка Надежда Билиќ вчера истиот ден откако беше претепана од своето момче гостуваше во емисијата „Народот прашува“.

-Малку повеќе испивме, тој флертуваше со девојките, што се случи потоа не се сеќавам. Во мојот стан не постои никакво стаклено шише, туку само стаклена чаша која сам ја искрши, а од ударот се одби во ѕид и го удри во неговата глава. Потоа започна да ме тепа ѕверски со тупаници и ме навредуваше дека сум болна и наркоманка.

Таа во целото видео зборува и како тој претходно бакнал друга девојка во нејзино присуство.

Инаку вчера пејачката која се прослави со учеството во реалното шоу „Задруга“ беше и на гинеколог каде се увери дека не е бремена, а доколку беше изјави дека ќе абортира.