Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Песков за масакрот во училиштето: На Путин му е многу жал, напаѓачот е неофашист

Од: А1он

Напаѓачот во училиштето во рускиот град Ижевск, каде во престрелката загинаа 13 лица, припаѓал на неофашистичка група или организација, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

dobivaj vesti na viber

Песков рече дека рускиот претседател Владимир Путин длабоко жали за смртта на луѓето во нападот, кој Песков го нарече „терористички“, пренесува РИА Новости.

„Путин е тажен поради смртта на луѓето и децата во терористичкиот напад на училиштето“, рече Песков.

Тој додаде дека рускиот претседател на регионалните и федералните власти им ги дал сите потребни инструкции во врска со „терористичкиот напад“ и рече дека ќе бидат решени сите социјални прашања.

Тој додаде дека по нападот во Ижевск треба да се анализира ефикасноста на постоечките безбедносни мерки во училиштата.

Поранешен ученик во 88-то училиште во Ижвеск отвори оган претходно денеска во тоа училиште и уби 13 лица, по што се самоуби.