Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Петковиќ: Изјавите на Курти дека ЗСО никогаш нема да се формира поттикнуваат на војна

Од: А1он

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија на Владата на Србија, Петар Петковиќ, изјави дека косовскиот премиер Албин Курти, со најавата дека Заедницата на српските општини (ЗСО) никогаш нема да се формира и дека Србите мора да прифатат еднострани одлуки за регистарските таблички и личните картички, „поттикнува конфликти во Косово и Метохија“, јави дописникот на МИА од Белград.

dobivaj vesti na viber

Петковиќ во писмената изјава наведе дека Курти „во секоја изјава го измислува наводното влијание на Русија, бидејќи сака не само да го нападне Белград, туку и да ги оправда идните нови еднострани и насилни дејствија против српскиот народ во покраината (Косово)“.

Тој оцени дека „обидите на Приштина да ја наметне агендата на разговорите во Брисел со некои празни соништа за „заемно признавање“ не се ништо повеќе од тактиката дијалогот да го обесмислат и да го уништат уште пред тој да започне“.

Она што Курти добро го знае, посочи Петковиќ, но не смее јавно да го каже, е дека Србите него на Косово го сметаат за директно одговорен за сите малтретирања, инциденти, обесправеност, лишување од слободата на движење и други демократски права. Затоа, додава тој, нивниот отпор и револт е резултат на едностраните, насилни и незаконски дејствија на Курти, а не на некаква оркестрирана странска агенда.

Премиерот на Косово, Курти во интервју за италијанскиот весник „Република“ изјави дека постои ризик од нов конфликт со Белград за Косово и дека ризикот од конфликт е голем, тврдејќи дека „рускиот лидер Владимир Путин стои зад Србија“.

Извор: МИА