Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

ПГ на СДСМ: Недозволиво е да се злоупотребува и блокира собраниската говорница за изнесување лаги

Од: А1он

Пратеничката група на СДСМ попладнево во Собранието на прес-конференција ги оцени денешните обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ како потврда за разединетоста на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

– Лагите на пратеничката Стојаноска се спротивни на вредностите и заложбите на сите коишто се бориме за родова еднаквост. Недозволиво е да се злоупотребува и блокира собраниската говорница за изнесување лаги, тоа граѓаните не го заслужуваат, рече пратеничката Лолита Ристова од СДСМ.

За вицепремиерот за европски прашања, рече дека е борец за родова еднаквост, промотор на рамноправноста и силен поддржувач на прогресивните и демократски политики.

Претходно, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ го обвини вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ за недолично однесување кон пратеничката Дафина Стојаноска и од собраниската говорница побара оставка од него. Вицепремиерот Маричиќ преку „Фејсбук“ ги демантираше ваквите обвинувања посочувајќи дека не испратил вербална или гестикулативна порака.