Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

ПОЧИНА НАЈСТАРОТО КУЧЕ НА СВЕТОТ: Сопствениците ја хранеле со оваа храна за која веруваат дека придонела за нејзината долговечност!!

Пеблс, женка лисица териер, најстарото куче на светот, почина денеска на 22-годишна возраст во југоисточниот дел на САД, објави Гинисовата книга на рекорди.

Нејзините сопственици ја хранеле со храна за мачки од 2012 година, што можеби придонело за нејзината долговечност.

– Пеблс, најстарото куче на светот, за жал почина, природно и мирно, дома и опкружено со своето семејство, напишаа нејзините сопственици на Инстаграм.

Таа е родена на 28 март 2000 година во Лонг Ајленд, Њујорк и претежно живеела во Јужна Каролина. Со својата мала градба и тежина од 2 килограми, Пеблс во својот живот родила 32 кученца.

Пеблс беше прогласена за најстарото куче на светот во мај 2022 година, за време на посетите на експерти од Гинисовата книга, институција која запишува рекорди во сите области.

Според нејзината сопственичка Јулија Џорџи, Пеблс сакала кантри музика. Таа почина пет месеци пред да го прослави својот 23-ти роденден.