Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Почнува кампањата „Пошумуваме заедно за позелено утре“

Локацијата е одбрана во заедничка соработка со стручните лица од ЈП „Национални шуми“ и Факултетот за шумарство.

„Се работи за огромен простор во кој ќе бидат засадени 10.000 багреми и 17.000 чемпреси. Дел од донацијата е наменета за опрема, што претпријатието ќе ги употребува понатаму. Ќе добиеме десет дупчалки за земја, сврдли и акумулатори и батерии за полнење на истите“, соопшти директорот на ЈП „Национални шуми“, Валентин Груевски на денешната прес-конференција.

Груевски соопшти дека се работи за најголема донација што ЈП „Национални шуми“ ја има добиено, во вредност од еден милион денари. 

„Како и во сите други наши проекти, нашите купувачи се наши партнери”, изјавија од компанијата, образложувајќи ја започната активност со која купувачите со секој купен dm марка производ во периодот од 16 август до 30 септември донираат 1 денар за проектот.

„Во истиот овој период, како подготовка за деновите на пошумувањето, во соработка со Факултетот за шумарство, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерството за образование и наука, активно ќе работиме на едукација на нашите купувачи, сограѓани и партнери од најмала возраст за важноста на зелените површини, начинот на посадување и понатамошно нивно одгледување”, додадоа од компанијата.