Macedonia
This article was added by the user . TheWorldNews is not responsible for the content of the platform.

Полицијата пронајде 10 мигранти од Сирија во Македонија, едно лице во притвор

Регионалниот центар за гранични работи Југ Кавадарци – Одделение за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија поднесе кривична пријава против Ар.Б.(29) од Сингелиќ, скопско и Ал.Б.(29) од с.Студеничани, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.

На 04.08.2022 во близина на наплатна станица Демир Капија, полициски службеници забележале патничко возило „ауди“ во кое се превезувале мигранти и кое не застанало на знак за запирање.

Подоцна, возилото било пронајдено и во него биле затекнати 10 лица мигранти од Сирија.

По преземени мерки и активности било утврдено дека пријавените биле во возилото како возач и совозач.

На 28.09.2022, Ар.Б. бил пронајден и лишен од слобода и од судија на претходна постапка му бил определен притвор во траење од 30 дена.